Хроника Сообраќајка на булеварот Трета македонска бригада, едно лице е повредено

Сообраќајка на булеварот Трета македонска бригада, едно лице е повредено

Попладнево на булеварот Трета македонска бригада, во близина на средното хемиско училиште се случи сообраќајна незгода во која учествува две возила.

Од СВР Скопје информираат дека во несреќата која се случила околу 17.20 часот учествувале возила „Фиат“ и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

Според првичните информации, во несреќата со повреди се здобил возачот на Фиатот кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но деталите за неговата здравствена состојба се уште не се познати. Полицијата на местото на несреќата извршила увид.