Македонија Сончево време со умерена облачност и температури до 34 степени

Сончево време со умерена облачност и температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 31 Целзиусови степени.

УХМ соопшти дека следува период на претежно сончево време ,со постепен пораст на температурата.

Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела, кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а посебно топло ќе биде на југоистокот од земјава.