Македонија Сончево време со умерена облачност

Сончево време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Локални врнежи од дожд се можни во претпладневните часови во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 17 степени.