Македонија Сончево време со мала облачност и температура до 33 степени

Сончево време со мала облачност и температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде седум.

Во Скопје слично време со температура од 16 до 30 Целзиусови степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд, особено во среда.