Македонија Сончево време со температура до 31 степени

Сончево време со температура до 31 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време. Најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Потоа дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи.