Македонија Сончево време со пораст на дневната температура

Сончево време со пораст на дневната температура

Времето денеска ќе биде претежно сончево, а само во западните делови ќе има повремено зголемување на облачноста. На планините на северозапад ќе има услови за провејување на слаб снег.

Утринските минусни температури во текот на денот ќе бележат пораст и ќе бидат во интервал од од три до 12 Целзиусови степени.

Под влијание на јужно струење, во наредните денови, дневните температури ќе бидат релативно високи.