Македонија Сончево време со појава на слаба магла

Сончево време со појава на слаба магла

Времето денеска ќе биде сончево, а по одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 1 Целзиусов степен, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично врме, со утринска температура до минус 2 Целзиусови степени и дневна до 12 степени.