Македонија Сончево време со мала облачност и температури до 35 степени

Сончево време со мала облачност и температури до 35 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер, претежно од јужен правец.

Дневната температура ќе се движи од 25 до 35 Целзиусови степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Дневната температура ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.

Во наредниот период ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. В петок и в сабота ќе има попладневна дестабилизација со локален дожд и грмежи, претежно во северозападните и североисточните делови.