Македонија Сончево време со мала облачност

Сончево време со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 27 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската ќе достигне до 18, а дневната температура до 34 Целзиусови степени.

Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи во јужните и западните делови од земјата.