Македонија Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 20 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.