Македонија Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура ќе се движи од минус еден до минус шест Целзиусови степени, а дневната од седум до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 13 Целзиусови степени.

До сабота по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневните температури ќе има во недела и понеделник.