Македонија Сончево време, со магла во котлините

Сончево време, со магла во котлините

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест Целзиусови степени.

Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.