Македонија Сончево време со локален дожд

Сончево време со локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево, со повремена облачност и со температура до 30 Целзиусови степени.

Во помал дел од земјава се очекуваат и врнежи од дожд.

Дожд се очекува во околината на Осоговијата и во Малешевско, регионот околу Демирхисарско, како и во централниот регион околу масивот на Јакупица.

Во Скопско повторно се очекува претежно сончево претпладне, а попладне облачноста ќе се зголемува.

Попладне и приквечер се очекуваат и повремени врнежи од дожд, со мала веројатност за појава на грмежи. Температурата нема да надмине 26 Целзиусови степени.