Македонија Сончево време со дневна температура од 7 до 14 степени

Сончево време со дневна температура од 7 до 14 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и студено, со ниска утринска температура. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено, со ниска утринска температура. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

В петок се очекува умерено наоблачување и зголемување на утринската температура.