Македонија Сончево време се температура до 26 степени

Сончево време се температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево, а кон крајот на денот ќе има појава на умерена облачност. Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а максималната од 23 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура од 6 до 26 Целзиусови степени.

Под влијание на воздушна маса од африканскиот континент, во следните денови во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината.