Македонија Сончево време, попладне со услови за пороен дожд

Сончево време, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, особено во западните и во северните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 32 степени.

И во Скопје се очекува слично време. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 30 степени.