Македонија Сончево со умерена облачност и ветер

Сончево со умерена облачност и ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движеше од -3 до 3, а дневната ќе се движи во интервалот од 3 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 8 Целзиусови степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

В понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи, претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.