Македонија Сончево со умерена облачност и со температура до 16 степени

Сончево со умерена облачност и со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе биде нула Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи на 16 степени.

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура на воздухот. В среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, што ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

До крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.