Македонија Сончево со умерена облачност и со температура до 16 степени

Сончево со умерена облачност и со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува исто така сончево време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне 13 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Зголемување на облачноста ќе има в четврток и в недела, кога ќе има услови и за слаб локален дожд. Утринската температура на места ќе се спушти под нула, а дневната ќе биде во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела.