Македонија Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност

Во текот на денот во поголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб јуже , а во западните делови умерен западен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 Целзсиусови степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре времето ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер. Повремени врнежи ќе има и в недела, а в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.