Македонија Сончево со температура до 25 степени

Сончево со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, а попладне со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот веќе ќе биде значително облачно, со умерен до засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус 3 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 25 Целзиусови степени.

В сабота ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на дневната температура за околу 8 степени. В недела преку денот ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува заладување со засилен ветер и со врнежи од дожд, но и снег на планините.