Македонија Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 23 Целзиусови степени.

Во следните неколку дена нè очекува сончево време со мала до умерена облачност, но со ниска утринска температура.