Македонија Сончево, но студено време

Сончево, но студено време

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, а претпладне ќе има услови за појава на магла во одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен и од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од – 6 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 14 степени.

Во Скопје се очекува сончево време, со слаба магла претпладне. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне 10 Целзиусови степени.