Македонија Сончево и ветровито време

Сончево и ветровито време

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност  и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 Ццелзиусови степени, а дневната температура ќе биде во интервал од 23 до 32 степена.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со дневна температура до 30 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 7.

Претежно сончево ќе биде и утре, кога ќе има и значителен пораст на температурата.