Македонија Сончево и топло време со температура до 30 степени

Сончево и топло време со температура до 30 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време со температурата до 30 Целзиусови степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.