Македонија Сончево и топло време со температура до 29 степени

Сончево и топло време со температура до 29 степени

Времето во земјата денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од западен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена обланост. Дневната температура ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, во наредните три дена нè очекува сончево и топло време, со температура што ќе го надмине просекот за овој период од годината. Во поголемиот дел од земјата, во вторник и в среда, се очекува дневната температура да надмине 30 Целзиусови степени.