Македонија Сончево и топло време, со мала облачност

Сончево и топло време, со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во југозападниот дел од земјава, ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Максималната температура ќе достигне од 18 до 24 Целзиусови степени.

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а попладне во западните делови ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

В петок времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

В сабота пред Велигден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи, кои на некои места ќе добијат форма на невреме.