Македонија Сончево и топло време, попладне дожд

Сончево и топло време, попладне дожд

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска претпладне во Македонија, а веќе попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималните ќе се движат од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично врем,е со услови за дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде 34 Целзиусови степени.

Нестабилно време со дожд и грмежи ќе биде и утре, а од среда се очекува стабилизирање на времето.