Македонија Сончево и топло време денеска, температурите до 30 степени

Сончево и топло време денеска, температурите до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава.

Утринската температура се движи од 4 до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала, до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Денеска и утре на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.