Македонија Сончево и топло, со температури до 36 степени

Сончево и топло, со температури до 36 степени

Времето во земјава денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 36 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде на југоистокот на земјава.

Во Скопје се очекува сонце и мала облачност, со умерен северен ветер. Температурите ќе се искачат до 33 Целзиусови степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, облачноста повремено ќе се зголемува, а дневната температура ќе се намали за 3 до 4 степени.

Од четврток температурата повторно ќе биде во пораст.