Македонија Сончево и топло со температура до 38 степени

Сончево и топло со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени, а дневната до 37 степени.

Следува период на претежно сончево и многу топло време. В понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.