Македонија Сончево и топло со температура до 28 степени

Сончево и топло со температура до 28 степени

Времето  денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а максималната од 23 до 28 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде умерено облачно со слаб јужен ветер и со температура која ќе се движи од 7 до 26 Целзиусови степени.

Стабилното, суво и топло време со позитивна утринска температура ќе продолжи и понатаму. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. В понеделник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.