Македонија Сончево и студено време со слаб северен ветер

Сончево и студено време со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб северен ветер, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се движи од мминус 12 до минус 6 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 5 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со утринска температура околу минус 11 Целзиусови степени и дневна до 7 степени.

Утрово, најстудено е во Берово, каде е измерена температура од минус 12 Целзиусови степени, а по него следува Петровец со минус 11 Целзиусови степени.