Македонија Сончево и потопло, со температура до 21 степен

Сончево и потопло, со температура до 21 степен

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло, со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од нула до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 19 Целзиусови степени.