Македонија Сончево и многу топло време

Сончево и многу топло време

Времето ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време со температура до 31 Целзиусов степен.