Македонија Сончево и многу топло време

Сончево и многу топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната од 30 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде слично, а температурата ќе се движи од 19 до 36 Целзиусови степени.