Свет Сомалиски пирати киднапирале индиски комерцијален брод

Сомалиски пирати киднапирале индиски комерцијален брод

Пирати киднапирале индиски комерцијален брод, соопшти денеска сомалиски претставник од Агенцијата за борба против пиратите, Абдиризак Мохамад Дирир.

– Сфативме дека сомалиски пирати киднапирале индиски брод и дека се движи кон сомалискиот брег – јави Дирир.

Бродот и 11-члениот екипаж се киднапирани во саботата, изјави Грејмем Гибсон-Брукс од британската поморска организација за безбедност.

Минатиот месец пиратите киднапираа танкер, но подоцна го ослободија.