Македонија Собранието нема да одлучува за задолжувањата поголеми од 100 милиони евра

Собранието нема да одлучува за задолжувањата поголеми од 100 милиони евра

Мнозинството пратеници во Собранието на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет го отфрлија предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз за измени во Законот за јавен долг.

Според измените што ги предлага Трајанов, за задолжувања поголеми од 100 милиони евра ќе треба да одлучува Собранието.

– Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија за тоа каде ќе одат парите – рече Трајанов.

Владејачката партија смета дека не може Собранието да одлучува за износот на задолжувањата, туку тие што ќе победат на избори.

Опозицијата во овој дел бара законодавниот дом да има поголема контрола, затоа што Владата постојано земала нови кредити и не објавувала за што се наменети парите.