Економија Собранието не го прифати предлог-законот за решавање на проблемите на дел од...

Собранието не го прифати предлог-законот за решавање на проблемите на дел од стечајците

Собранието не го прифати предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со општествена и државна сопственост, поднесен од опозицијата.

Со него се предлагаше сите работници кои останале под стечај, да можат од Агенцијата за вработување да добијат надомест од 30 проценти од просечно исплатената нето-плата во претходната година.

Пратениците од опозицијата потсетија дека со веќе донесените закони во 2008 и во 2014 година, не е решен проблемот на сите стечајни работници.