Македонија Собранието го укина екстерното тестирање

Собранието го укина екстерното тестирање

Со 64 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, попладнево на четвртата седница, Собранието на Република Македонија го укина екстерното тестирање. Беа направени измени на три закони – за основно образование, за средно образование и законот за во наставници во основното и во средното образование.

Епилогот на гласањето беше аплауз во салата, во која отуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Како единствен претставник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев претходно истакна дека поради инцидентот со пукањето врз поранешниот министерот за здравство, Никола Тодоров, нема да учествуваат во расправата и побара таа да се одложи.

Законите беа предложени од пратеници на предизборната коалиција на СДСМ.