Македонија Собрани повеќе од три милиони денари за поплавените региони

Собрани повеќе од три милиони денари за поплавените региони

Преку мобилните телефонски броеви за донирање 070/075/077 143 400 се обезбедени вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари, соопштија од Црвениот крст на Република Македонија.

„Дистрибуирана е хуманитарна помош во 255 пакети храна, 1.229 пакети за хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 литри средства за дезинфекција. Со помошта се опфатени вкупно 400 семејства од поплавените региони во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, Кочани, Битола, Прилеп и во Куманово. За време на викендот ќе бидат опфатени дополнително уште 200 семејства“, се наведува со соопштението.

Црвениот крст на Република Македонија исто така соопшти дека е понудена помош од националните друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и на Црна Гора.