Економија Со Закон за стратешки инвестиции ќе се забрзуваат големите проекти во енергетиката

Со Закон за стратешки инвестиции ќе се забрзуваат големите проекти во енергетиката

Фото: НЕР АД Скопје (http://mer.com.mk)

Министерство за економија подготвува Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, согласно обврските превземени со Договорот за основање на Енергетска заедница, како и обврските превземени со Договорот за стабилизација и асоцијација.

Во најавата за подготовка на законот објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека со новата регулатива треба да се уредат правилата за стратешки инвестициони проекти од областа на енергетиката.

Целта на законот е да се забрзаат постапките за подготовка и реализација на стратешките инвестициони проекти од областа на енергетиката и да се назначи Национален надлежен орган, да се дефинираат неговата улога и задачи, како и да се утврдат неговите надлежности и улога во однос со другите надлежни институции во земјата.

Од Министерството додаваат дека со Законот за стратешки инвестиции се очекува да се олесни имплементацијата на интерконективните проекти за електрична енергија и природен гас.