Македонија Со „Титаник“ в понеделник се отвора новата зграда на Основен суд Скопје...

Со „Титаник“ в понеделник се отвора новата зграда на Основен суд Скопје 1

Основен суд Скопје 1 в понеделник ќе почне со работа во новата зграда, која е во близина на сегашниот објект, пред зградата на МРТ, извести претседателот на судот, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите.

Првиот судски процес ќе биде „Титаник“, против поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети.

Официјалното пуштање во употреба ќе се случи утре напладне, откако претходно ќе почне селидбата.

Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа. Изградбата почна во мај 2010 година.