Главна секција Со нов закон ќе се реформира и модернизира дипломатската служба

Со нов закон ќе се реформира и модернизира дипломатската служба

Министерството за надворешни работи (МНР) подготвува предлог-закон за надворешни работи со кој се уредуваат надлежноста, организацијата и работата на Министерството.

„Новиот закон има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина модернизација и професонализација, како и приближување кон современите европски дипломатски служби“, пишува во најавата за подготовката објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Исто така, се најавуваат јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталите ЕНЕР и е-демократија.