Економија Со нов закон ќе се либерализираат платежните услуги

Со нов закон ќе се либерализираат платежните услуги

Фото: Архива на Мета

Министерство за финансии подготвува предлог-закон за платежни услуги и платни системи со образложение дека е застарен Законот за платниот промет со кој во моментов се уредени платежните услуги и платните системи, а кој е донесен во 2007 година.

Оттаму велат дека тој не е во согласност со новите трендови и технологии како и со релевантните директиви и регулативи на Европската унија. Главна цел на новиот предлог-закон е да се либерализира пазарот на платежните услуги и да се зајакне конкуренцијата.

„Ќе се зајакнат правата на потрошувачите за нивно информирање од страна на давателите на платежни услуги за условите за користење на услугите. Законот ќе обезбеди транспареност и споредливост на надоместоците за платежните услуги, а меѓубанкарските надоместоци со платежни картички ќе бидат ограничени. За одредени категории на потрошувачи ќе се овозможи отворање сметки со основни функции преку кои ќе може да се извршуваат одреден број на бесплатни трансакции“, се вели во образложението објавено преку Единствениот национален електронски регистар на прописи(ЕНЕР).