Култура Со концерт на Елена Голомеова задутре почнува „Штипско културно лето“

Со концерт на Елена Голомеова задутре почнува „Штипско културно лето“

Со концерт на сопранот Елена Голомеова, со почеток во 20.30 часот во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, в петок ќе биде отворено годинашното, 33-то, издание на „Штипско културно лето“.

Најстарата културна манифестација во градот изобилува со бројни културни настани – концерти, промоции и проекции, кои ќе се одржуваат секојдневно се до 30 јули.