Македонија Со јапонска донација обновенo e кичевското училиште „Д-р Владимир Полежиноски“

Со јапонска донација обновенo e кичевското училиште „Д-р Владимир Полежиноски“

Со јапонски пари досега обезбедено е реновирање и опремување на повеќе од 75 училишта и градинки и 67 здравствени институции

Фото: Амбасада на Јапонија

Со 80,593 евра, јапонска донација, променети се вратите и прозорците во училиштето „Д-р Владимир Полежиноски“ во Кичево, а обновени се и училишните тоалети. Како што информираат од Јапонската амбасада, амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја денеска присуствувал на церемонијата за успешно завршениот проект.

„Веруваме дека инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Северна Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ”, рече тој.

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари изрази благодарност кон јапонскиот народ, а директорот на училиштето, Горан Карафилоски, им ги претстави
резултатите од реконструкцијата на присутните гости.

Досега со јапонски пари обезбедено е реновирање и опремување на повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции. Обебзедени се 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.

Севкупно, Јапонија ја поддржа Северна Македонија во различни сектори како што се
развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието,
животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и
итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга
нефинансиска поддршка.