Свет Снежно невреме ги погоди САД

Снежно невреме ги погоди САД

Јужно од Бафало за помалку од 24 часа наврнал еден ипол метар снег

Најмалку седум лица го загубиле животот во снежната бура што го зафати североистокот на САД. Пет од починатите се од Бафало, вториот по големина град во сојузната американска држава Њујорк. Температурата во сите сојузни држави била нула Целзиусови степени, а на некои места се измерени и температури под нулата. Гувернерот прогласил вонредна состојба и ја повикал на помош Националната гарда.
Јужно од Бафало, за помалку од 24 часа, наврнал еден и пол метар снег. Тоа предизвика многу возачи да бидат заробени на патиштата. Поради невремето, биле откажани и повеќе летови на меѓународниот аеродром „Нијагара“.