Видео Снежна бура ја парализираше Москва, откажани 150 летови

Снежна бура ја парализираше Москва, откажани 150 летови

Снежното невреме што денеска ја зафати Москва го парализира рускиот главен град и придонесе за откажување на повеќе од 150 летови.


Ниту еден од трите московски аеродроми не се затворени, но сите летови доцнат. На аеродромот „Домодедово“, јужно од Москва, се откажани повеќе од 100 лета.


Руската метеоролошка служба соопшти дека очекува за еден ден во Москва да падне повеќе од 10 сантиметри снег.
Службата за следење на сообраќајот Јандекс наведе дека рано претпладне на улиците на Москва е регистриран сообраќаен метеж, каков што годишно се создава повремено во текот на сообраќајниот шпиц.


Метежот во сообраќајот ја потврди и рускиот премиер Дмитриј Медведев, кој соопшти дека неколку министри доцнеле на последната седница на владата за годинава.