Свет Балкан Снегот предизвика хаос во Истанбул

Снегот предизвика хаос во Истанбул

Обилните врнежи од снег денеска предизвикаа сообраќаен хаос во Истанбул, јавува агенцијата „Џихан“.

Поради снегот кој почнал да паѓа синоќа, десетина возила се блокирани на плоштадот Таксим. Снежните врнежи го попречиле градскиот сообраќај, па некои патници биле принудени да излезат од автобусите и да продолжат пеш.

Некои возачи биле принудени да стават синџири на гумите, додека други ги критикуваа надлежните служби дека не фрлиле сол на патиштата.

Поради влошените временски услови и снегот, авиокомапниите „Туркиш ерлајнс“ и „Пегасус“ откажаа 228 летови од аеродромите во Истанбул.